Дневен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

Дневен хороскоп за Бик - понеделник, 13 мај 2024

Ве обземаат емоции и ќе бидете прилично пребирливи при изборот на луѓе со кои сакате да сте опкружени.

На љубовно поле ќе бидете охрабрени токму во моментот кога ќе ви биде потребна најголема поддршка. Играјте фер.

Ќе најдете начин да ги убедите надредените дека вашите идеи се добри, а работите може да се заплеткаат на тема финансии.

Неделен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

Љубов Работа Здравје
5 4 4

13 до 19 мај 2024

Љубов: Биковите оваа недела нема да имаат проблеми во љубовта, иако некои во новите врски повремено ќе се грижат дали нивниот сакан/а е целосно искрен. Слободните можат да имаат љубовен успех. На почетокот на неделата ќе добиете покана за излегување. Можно е да ви се допаѓа и некој кого не го гледате често или го гледате тајно.

Работа: Несигурни сте за одлуките што треба да ги донесете наскоро. Подобро е да почекате малку, бидејќи во овој период би донеле одлука во афект. Во фаза сте на разгледување на разни понуди или набљудување на сè што се случува околу вас. Се обидувате да направите селекција на вашите соработници, некои од нив ви се сомнителни.

Здравје: Вклучете се во активности кои ве подмладуваат, без разлика дали се работи за јога, медитација или само поминување време во природа. Слушајте ги сигналите на вашето тело и почитувајте ја неговата потреба за одмор и релаксација.

Совет: Чувајте ја енергијата.

Месечен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

мај 2024

Работа: Професионалното поле изгледа ветувачки, се отвораат нови хоризонти, до кои ве води иновативниот пристап за решавање проблеми. Можете да го привлечете вниманието на претпоставените, колегите и соработниците, а ако сте независни во бизнисот, можете да го проширите своето поле на влијание и да допрете до пошироката популација на потенцијални клиенти. Бидете подготвени за нови можности каде што ќе покажете иницијатива и ќе преземете лидерска улога, во согласност со вашите вештини и интереси. Секакви деловни договори и преговори ќе одат подобро и ќе ви донесат повеќе придобивки ако ги правите во неформален амбиент, подобар е деловен ручек од состанок во канцеларија.

Љубов: Прифатете ги вашите маани и слабости и продолжете да работите на себе, секоја форма на колективна соработка може да биде одлична терапија за вас. Поврзувањето со луѓе кои ги споделуваат вашите интереси и страсти може да доведе до нови пријателства и да го прошири вашиот социјален круг. Потенцијалните романтични врски во овој период се развиваат лесно и природно, на органски начин. Во партнерските односи овој месец, можете да постигнете усогласување во различните вредности што ги внесувате во врската и подлабоко разбирање и прифаќање на начините на кои си ги збогатувате животите. Поголемата самосвест ви носи личен раст и способност за подобро поврзување со вашиот партнер.

Здравје: Одвојте време да го анализирате вашето здравје од што е можно повеќе агли и перспективи пред да донесете какви било одлуки. Разговор со доверлива личност ќе ви даде добар поттик. За да одржувате рамнотежа на умот и телото, вклучете се во активности кои го стимулираат умот (загатки, учење, креативни потфати), додека одржувате континуитет на физичко движење и редовно вежбање.

Годишен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

2024

Новата година ќе ја започнете одлучно и решително и главна цел ќе ви биде да ја земете „судбината во свои раце“ и да дадете сè од себе за да ги остварите замислените цели.

Новата година ќе ви донесе успех и просперитет на секој план, но и ќе мора да научите некои важни лекции за тоа како да ги одржите на ниво постигнатите резултати.

Клучот за успех ќе ви биде внимателното планирање, а ќе мора да научите дека не смеете да претерувате и дека за да се задржите на посакуваното ниво, неопходно ви е да бидете дисциплинирани и истрајни.

Можна е промена на кариерата, или некое унапредување, а здравите животни навики што ќе ги воведете ќе ви помогнат да блескате и однадвор и одвнатре.

Работа и финансии

На почетокот на годината можно е да одлучите да ја промените кариерата или да направите некоја промена што ќе ви донесе поголема заработка. Благодарение на шармот и одлучноста, ќе имате можност да ги остварите целите на поле кариера.

Ќе имате можности за успешна соработка со други лица и проекти што ќе ви донесат напредок во кариерата и признанија.

Сè ќе биде во ред доколку бидете пофлексибилни и се обидете да не пружате постојан отпор кон промените. Запомнете, добро е тоа што посакувате стабилност, но некогаш е потребно да ги прифатите и туѓите мислења и ставови и да покажете дека можете да се приспособите и на новонастанатите ситуации.

Новата година ќе ви донесе голем успех на финансиски план. Можете да очекувате позитивни резултати од целиот напорен труд што сте го вложиле во изминатите години и конечно ќе чувствувате дека постојат шанси да си обезбедите постабилна и посигурна финансиска иднина.

Ќе имате и голем број нови можности за заработка, а секоја мудро донесена одлука на ова поле ќе резултира со успех.

Но, важно ќе биде да не заборавите дека парите се заработуваат тешко, а многу лесно се трошат. Ќе мора да бидете внимателни и да не се впуштате во импулсивни трошоци и да не дозволите да ве поведат моменталните позитивни случувања, па да почнете да се растурате во луксуз и непотребни трошоци.

Иако работите ќе изгледаат позитивно, тоа нема да значи дека треба да се откажете од креирањето стратегии и внимателното трошење со цел да останете на вистинскиот пат во остварувањето на соништата.

Љубов

Ако сте сингл, во текот на наредната година ќе имате голем број додворувачи кои нема да можат да му одолеат на вашиот шарм и на приземноста.

Во текот на годината ѕвездите ќе ви бидат наклонети на поле љубов, а единствено ќе треба да бидете храбри и да не се плашите да ги остварите сопствените желби и фантазии. Бидете одлучни и не отстапувајте од сопствените барања и не прифаќајте компромиси само за да не останете сами.

На крајот ќе сфатите дека чекањето ќе се исплати и многу веројатно е да ја запознаете вистинската личност со којашто ќе сакате да започнете сериозна врска.

Ако сте во врска, очекувајте годинава да ве водат интензивни и силни емоции: ова ќе биде година во која ќе ве води страста, желбата за напредување и создавањето на трајни врски.

Ќе водите сметка и за големите гестови, но и за ситните детали и целта ќе ви биде со партнерот да изградите што е можно поцврста и посилна врска. На крајот ќе бидете среќни затоа што сте успеале да постигнете поголема меѓусебна доверба.

Дозволете срцето да ве води и нема да погрешите. Ѕвездите во текот на следната година ви ветуваат магични средби, поголема поврзаност и безгранична љубов.

Ако, пак, сте во брак, ќе треба да научите да не дозволите ситните расправии да прераснат во големи проблеми заради вашата тврдоглавост и непопустливост.

Сфатете дека секое недоразбирање е можност да научите нешто ново и може да ви помогне да изградите похармоничен однос со партнерот. Лојалноста и практичноста ви се силна страна, но неопходно е да научите да бидете пофлексибилни и да прифатите компромис.

Здравје

Во 2024 ѕвездите ви се наклонети на секое поле и ќе зрачите и однадвор, но и одвнатре. Ќе почнете да водите повеќе сметка за своето физичко и ментално здравје и тоа ќе биде забележително.

Сепак, запомнете дека сè што правите треба да биде умерено и дека нема потреба да претерувате. Одлучни сте, но потребно е да бидете умерени и да не претерувате со новите здрави навики што сакате да ги воведете.

Сè на сè, годинава нема да имате поголеми здравствени проблеми, и иако планирате целосно да се посветите на здравиот начин на живот, не заборавајте понекогаш да си дадете можност да уживате и во вашите слатки задоволства кои ве прават среќни.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg