Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари

Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали се главно јадење при ручек, како салата или за вечера. Ако сакате да ги комбинирате на еден поинаков (и здрав) начин, тогаш пробајте го овој рецепт.

recept-za-posna-i-zdrava-salata-od-kompiri-vo-kari-so-naut-01.jpg

Оваа кремаста салата е вистинско уживање. Таа е погодна за деновите кога се пости, а е и навистина здрава. Може да ѝ додадете и зеленчук, или да исцедите малку лимон одозгора, па да ја подготвите за лесен ручек или вечера.

Ако обожавате компири (а кој не е), веруваме дека ќе ви се допадне овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 1kg млади компири, исечкани на мали парчиња
  • 80g моркови, ситно сечкани
  • 30g целер, ситно исечкан
  • 50g млад кромид
  • 1 конзерва наут (исцеден и добро измиен)
  • 15g коријандер
  • Сол и бибер по вкус

Потребни состојки за прелив:

  • 5 лажици таан (плус вода по потреба)
  • Сок од 1 лимон
  • 2 мали лажички кари во прав
  • 1-2 лажички лут сос по избор
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Излупените и исечкани компири ставете ги во тенџере со вода, додајте малку сол и оставете ги да зовријат.
  • Намалете ја температурата и варете ги околу десетина минути, па исцедете ги и оставете ги малку да се оладат.
  • За подготовка на преливот, измешајте ги таанот и водата. Додајте ги сокот од лимон, карито, лутиот сос и солта, па добро промешајте за да се соединат.
  • Додавајте вода колку што е потребно за да ја добиете посакуваната густина.
  • Во голема чинија ставете ги компирите, целерот, морковот, младиот кромид, наутот и коријандерот.
  • Преку нив ставете од преливот, па нежно промешајте за да се соединат.
  • Зачинете со сол и бибер по вкус.
  • Одозгора може да декорирате по желба: ситно исечкан млад кромид, коријандер, магдонос и слично.
  • Салатата може да ја послужите топла или на собна температура.

recept-za-posna-i-zdrava-salata-od-kompiri-vo-kari-so-naut-02_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg