Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето?

Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи дека денот на 31 март ќе трае еден час пократко...

vikendov-pochnuva-letnoto-smetanje-na-vremeto-kako-vlijae-na-lugjeto-01.jpg

Летното сметање на времето почнува во недела на 31 март, во 2 часот наутро. Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, па времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Оваа година тоа ќе трае до 27 октомври, кога во 3 часот наутро стрелките повторно ќе се вратат еден час наназад.

Летното сметање на времето во Македонија постои од 1983-та година, која во тоа време беше дел од СФРЈ. Во земјава од 1996-та година, летното сметање е регулирано со закон.

vikendov-pochnuva-letnoto-smetanje-na-vremeto-kako-vlijae-na-lugjeto-02.jpg

Во јавноста со години се дебатира за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро - дека се уморни и дека им се менува расположението.

Сепак, медицината се нема посериозно насочено кон оваа тема, иако постојат некои истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни 15-тина дена за да се адаптира на промената.

Во секој случај, лекарите тврдат дека поместувањето на часовникот има влијание врз луѓето, но дека тоа е многу мало.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Искрен статус на Македонка: „Нема ништо магично во константни болки, клизма и провокации, постпороди... „Читам 39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на болни...
Летните фотки од одморот на Пере од „Нокаут“ со 4-те ќерки, од двата брака, се позитива на денот Пере од „Нокаут“ уште еднаш докажа дека е татко за медал! Со сите 4 ќерки на одм...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Зимското сметање на времето почнува викендов: Стрелките ги враќаме 1 час наназад Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg