3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите)

Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани од случувањата на нашето поднебје. Предлог книги од македонски автори што треба да ги прочитате.

3-odlichni-romani-od-makedonski-avtori-za-vistinski-ljubiteli-na-knigite-01.jpg

Велат дека животот пишува романи, а низ страниците на овие книги се испишани приказните на ликовите што ни се блиски и според поднебјето, но и според културата.

Кои три книги од македонски автори треба да ги набавите и да ги прочитате?

„Единствен матичен број“ – Лидија Димковска

Приказна за една млада девојка која трага по сопствениот идентитет и за тоа која е суштината на нејзиниот живот.

Приказната започнува во далечната 1974-та година кога Милка заедно со група Југословенки заминува да работи како собарка во хотел на Кипар и таму го запознава Никос, кипарски Грк во кого се вљубува.

По турската инвазија на Кипар, Никос доаѓа во Скопје, се венчава со Милка и останува да живее тука, а потоа добиваат две деца Стефан и Катерина.

Токму Катерина ја добива улогата на главна хероина во книгата која се обидува да се открие себеси, сопствената припадност, сопствениот идентитет.

3-odlichni-romani-od-makedonski-avtori-za-vistinski-ljubiteli-na-knigite-03_copy.jpg

„Ја мразам мајка ми“ – Верица Митева

Книга за анксиозноста која може да го доведе човекот до работ на пропаста. Книга за една девојка која е доведена до раб на нервен слом по смртта на нејзиниот татко.

Ситуација во која почнува да ја гледа мајка си како непријател и како личност која што задушува, додека емотивните манипулатори ѝ ја истиснуваат и последната капка енергија и ја водат до ескалација на состојбата и до психијатриска установа.

Приказна која на крај ќе ве научи дека родителите понекогаш се единствените луѓе на кои можеме да се потпреме, а за тоа на што тие не можат да нѐ научат, ќе нѐ научи животот.

3-odlichni-romani-od-makedonski-avtori-za-vistinski-ljubiteli-na-knigite-02.jpg

„Живот без сведоци“ – Наташа Сарџоска

Книга наменета за љубителите на длабоки книжевни приказни, кои обработуваат егзистенционалистички и филозофски теми.

Дејството се случува во едно безимено градско предградие, во една напуштена куќа-засолниште каде случајно ќе се сретнат Карла и Кристофер, кои се двајца бегалци од животот.

Роман за двајца јунаци кои во своето невидливо постоење ќе се најдат во сопствениот кошмар од мачни исповеди и искупувања, но и себеистражувања со копнеж по некоја суштинска преобразба.

3-odlichni-romani-od-makedonski-avtori-za-vistinski-ljubiteli-na-knigite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg