Од идеја до вирален тренд - панел дискусија за градење креативен начин на размислување во светот на дигиталниот маркетинг

Скопје, 29 март, 2024 - Во вторник, на 2 април, во просториите на Стартап Клуб Скопје со почеток од 19:30 часот ќе се одржи панел дискусија наменета за сите идни професионалци во дигиталниот маркетинг, на тема: Од идеја до вирален тренд: Како да се изгради креативен mindset?

od ideja do viralen trend panel diskusija za gradenje kreativen nacin na razmisluvanje vo svetot na digitalniot svet 01

Ова е прва панел дискусија што Скала - Школа за дизајн и технологија и full-service маркетинг агенцијата Пиксел ја организираат заедно во рамки на нивното партнерство поврзано со новата Академија за дигитален маркетинг.

Организаторите велат дека целта е да ги инспирираат сите оние кои размислуваат за промена на кариерата, како и оние коишто веќе работат во областа дигитален маркетинг и сакаат да ги зацврстат своите знаења. Главниот фокус на дискусијата ќе биде инспиративно истражување на креативноста и иновативноста и откривање на тајните зад успехот на виралните трендови.

Како што беше истакнато за време на отворањето на Академијата за дигитален маркетинг минатиот месец, мисијата на Скала во соработка со Пиксел е да им овозможат на идните професионалци во дигиталниот маркетинг да можат по завршувањето на Академијата активно да придонесуваат во остварувањето на визијата на многу компании кои се стремат кон раст и поголема конкурентност на глобалните пазари.

„Соработката со Пиксел означува значајна пресвртница во нашето патување да ја негуваме следната генерација дигитални професионалци. Преку Академијата за дигитален маркетинг, имаме за цел да ги подготвиме студентите со практични сознанија и искуства за брз напредок во динамичното поле на оваа индустрија“. - истакнува Ана Секуловска, координаторка за настава во Скала и модераторка на претстојната панел дискусија.

Како говорници на панел дискусијата се вклучуваат професионалци од различни области кои ќе ги споделат сопствените знаења и вештини преку лично искуство за негување на креативниот начин на размислување, како и за начинот на кој идеите прераснуваат во вирални трендови.  

od-ideja-do-viralen-trend-panel-diskusija-za-gradenje-kreativen-nacin-na-razmisluvanje-vo-svetot-na-digitalniot-svet-02.jpg

Еден од истакнатите говорници на панел дискусијата е Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во Пиксел и ментор на Академијата за дигитален маркетинг, кој ја нагласува важноста на креативноста во денешната дигитална ера.

„Креативноста е во срцето на секоја успешна кампања. Ако знаете како ефикасно да го искористите креативното размислување, имате потенцијал да создадете вирални трендови кои ја освојуваат публиката“ - истакнува тој.

На панел дискусијата на Ристевски ќе му се придружат Александра Трпеска, истакната креаторка на содржини за социјални медиуми позната како @majestic.at, Дијана Труниќ Илиеска, менаџерка на кампањи во Ananas.mk и Марија Мешкова, претприемачка и дигитална креаторка на содржини на социјалните медиуми позната како @ZenfluentMaria. Заедно, тие ќе се обидат да ги откријат тајните зад виралните трендови и ќе обезбедат вредни вештини и начини за градење на креативен начин на размислување.

Бројот на учесници е ограничен. Сите заинтересирани можат да го резервираат своето место на skala.edu.mk/panel-diskusija-od-ideja-do-viralen, а повеќе информации и мапа до локацијата се достапни на Facebook страницата за настанот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg