Приватен готвач, скапи подароци, 26 години помлада девојка – Како Бред Пит го прослави 60-тиот роденден?

Ова е првата посериозна врска што Бред Пит ја имал по разводот со Анџелина Џоли. Актерот за својот 60-ти роденден приреди забава на која беше и неговата 26 години помлада девојка Инес де Рамон, а тие двајцата претходно беа заедно на романтично патување.

privaten-gotvach-skapi-podaroci-nova-zgodna-devojka-kako-bred-pit-go-proslavi-60-iot-rodenden-01.jpg

Актерот Бред Пит на 18-ти декември годинава го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод славеше речиси цела недела.

Во вторникот (19.12) актерот заедно со неговата девојка Инес де Рамон (34) направи мала интимна забава за пријателите во Лос Анџелес.

privaten-gotvach-skapi-podaroci-nova-zgodna-devojka-kako-bred-pit-go-proslavi-60-iot-rodenden-02.jpg

Бред и Инес беа фотографирани заедно, во добро расположение, а по забавата актерот беше „уловен“ од папараци како ги носи подароците што ги добил.

Актерот и девојката мошне добро се кријат од јавноста, па овие заеднички фотки се вистинска реткост.

privaten-gotvach-skapi-podaroci-nova-zgodna-devojka-kako-bred-pit-go-proslavi-60-iot-rodenden-03.jpg

Но, оваа забава беше само епилог на претходните активности околу прославата на роденденот на актерот. Претходно, тој и Инес беа на патување во Париз, каде престојуваа во хотел со 5 ѕвездички.

Парот беше фотографиран додека се шета низ улиците на Париз, а наводно за неговиот роденден во понеделникот имале вечера со приватен готвач, по што заминале на концерт во Théâtre du Châtelet.

privaten-gotvach-skapi-podaroci-nova-zgodna-devojka-kako-bred-pit-go-proslavi-60-iot-rodenden-04.jpg

Инаку, ова е прва посериозна врска на Бред Пит, по разводот со Анџелина Џоли, а Инес претходно беше во брак со актерот Пол Весли од 2019-та до 2022-ра година.

Гласините за врската на Бред и Инес почнаа да кружат два месеца по нејзиниот развод, откако тие двајца за првпат беа забележани заедно на концерт.

Повеќе фотки во галеријата во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg