Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига А серија, а на него ќе учествуваат и членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Најквалитетните светски каратисти ја отвораат сезоната во лигата на турнири организирани од Светската карате федерација.

karatistite-na-makpetrol-ja-otvoraat-sezonata-so-uchestvo-na-svetskata-liga-vo-atina-01.JPG

Пријавени се делегации од 81 држави, со 1094 спортисти, кои што од 12 до 14 јануари ќе се натпреваруваат во Атина. Сениорскиот тим на „Макпетрол“ ќе учествува со осум спортисти во машка и во женска конкуренција.

Претставниците на скопскиот клуб се добро подготвени. Тие на почетокот на годината заминаа во Охрид, каде што една недела се подготвуваа непосредно пред овој турнир и очекуваат да имаат добри настапи на почетокот на новата сезона која започнува со овој натпревар.

На турнирот во Атина ќе учествуваат следните каратисти од „Макпетрол“: Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.),  Симона Заборска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

Би можело да ве интересира:

Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечат...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg